Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Anatomija na srce i srcevi bolesti (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Семинарска работа по предметот : Биологија
Тема:
АНАТОМИЈА НА СРЦЕ И СРЦЕВИ БОЛЕСТИ
Ментор : Изработил :
Учебна 2007/08
Вовед
Циркулаторниот систем го сочинуваат два системи: крвоносен и лимфен,низ кои постојано струи течност, крв или лимфа.Преку течноста што кружи низ овој систем се врши тренспорт на хранливи материи и на кислород до ткивата односно клетките, а од нив се изнесуваат крајните продукти на метаболизмот и јаглеродниот диоксид.Покрај тоа, тој придонесува за изедначување на температурата на телото, ја регулира содржината на вода и соли во организмот, врши дистрибуција на хормони и витамини со што учествува во контролата и интеграцијата на безброј функции, врши транспорт на антитела со што се зголемува одбранбената способност на организмот и друго.
Системот на срцето и крвните садови формираат потполно затворен систем од канали, преку кои постојано циркулира крвта благодарение на ритмичката контракција на срцевиот мускул. Крвта го предава кислородот и харанливите материи на ткивата, а го прима јаглеродниот диоксид и непотребните продукти на метаболизмот кои ги носи до органите за излачување (плуќа и бубрези). Крвните садови, артериите и вените претставуваат канали кои се разградуваат по целото тело со исклучок на ’рскавиците и проѕирните делови на окото.
Артериите (arteriae) се крвни садови кои ја водат крвта од срцето кон периферијата на телото. Тие обично го завземаат најкусиот пат одејќи праволиниски до органот кој го васкуларизираат и исхрануваат. На својот пат од срцето кон периферијата од нив се издвојуваат бочни гранки и со тоа го намалуваат својот пречник. Ѕидовите на артериските крвни садови се изградени од три слоја, внатрешен, среден и надворешен. Внатрешноит слој (tunica intima) е составен од еднослоен лушпест ендотел. Средноит слој (tunica media) е изграден од мазни мускулни влакна, тој е најдебел и функционално најзначаен. Надворешниот слој (tunica adventitia) е сврзана обвивка во која се наоѓа мрежа од автономниот нервен систем за инервирање на мазните мускулни влакна.
Вените (venae) се крвни садови кои ја враќаат крвта од периферијата на телото кон срцето. Започнуваат со најситни венски садови венули (venulae) и постепено го зголемуваат својот пречник. Тие се одликуваат со многубројни анастомози кои формираат мрежа (rete venosum) или сплет (plexsus venosus). Тие се делат на:
длабоки и површински, а длабоките вени ги пратат артериите. Ѕидовите на артериите се состојат од три слоеви: внатрешен слој, кој поседува залистоци кои го оневозможуваат враќањето на крвта под дејство на земјината тежа. При пропуштање на функцијата се јавуваат јазловидни проширувања (varices). Средниот слој е потанок од оној на артериите и затоа не се толку еластични како нив.
Капиларите (vasa capilaria) се мали крвни садови со должина од 1-2 мм, а луменот изнесува од 5-25 микрони. Ѕидот на капиларата се состои само од еден слој клетки ендотел. Протокот на крвта во нив е многу бавен, а со тоа се овозможува размена на материите и гасовите.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta