Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Nanomaterijali (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
„Митко Пенџуклиски“
Кратово
Проектна задача по предметот:
Физика
„Новите наноматеријали во технолошкиот развој“
Изработил: Ментор:
ВОВЕД
Севкупниот технолошки развој, не може да се замисли без новите материјали добиени врз основа на креирање на нови структури, но и со примена на неконвекционални технологии за нивно добивање. Модерната наука за материјалите, која се вплеткува и во секојдневниот живот, е мошне важна, како од економски така и од индустриски аспект. Притоа, физиката има непроценлива улога. Од друга страна интенцијата за кратки патувања на долги растојанија, брзите компјутери, квалитететниот Интернет и автомобили, се дел од желбите на луѓето што се реализираат благодарение на прогресот во истражувањата и во примената на новите материјали.
Патот кон наносветот се насетил во 1959 година со изјавата на познатиот американски физичир Ричард Фејман „На врвот од иглата има многу место“. Додека пак терминот „нанотехнологија“ за прв пат беше дефиниран во 1974 година од страна на јапонскиот физичар Норио Танигуши, поранешен професор на Токискиот универзитет. Така во втората половина на XX век настана една вистинска револуција во полето на физиката при што дојде до замена на микроелектрониката со наноелектроника и допринесе до појава и развој на голем број дисциплини, кои подоцна ќе бидат наречени според името на наноматеријалите.
Кога знаеме дека еден нанометар е милијардити дел од метарот (10-9 m), згодно е за споредба да се истакне дека растојанието меѓу два јаглеродни атоми поврзани со единечна врска е 12-15 nm. Додека пак дијаметарот на двојниот хеликс на DNA е околу 2 nm. Од друга страна пак најмалата жива клеточна структура, бактерија од родот Mycoplasma, има должина од околу 200 nm.
Токму восхитот кој се јави кај мене кон овие откритија, ме мотивираше да да истражувам во оваа област и да ја изберам темата од предметот физика, за изработка на проектната задача за државна матура. Самата помисла на димензијата на наноструктурите претставуваше дополнителна мотивација во истражувањето. 1. МАТЕРИЈАЛ
Често пати дефинирањето на поимот материјал ни предизвикува проблеми. Но во општ случај материјалот го дефинираме како систем составен од исти или различни видови атоми, распоредени на ист или различни начини, со определена мегусебна поврзаност, ограничен но не и изолиран од околната средина.
Од апликативен аспект, материјалот треба да ги задоволува следните критериуми: да биде во најмалку една агрегатна состојба, технички да биде употреблив, а технолошки и индустриски да може да се произведува.
До пред еден век, целокупните потреби на општеството биле задоволени само со неколку елементи. Така за функцијата за електрична енергија која се состои од генерирање и предавање на електричната енергија, потрeбите целосно биле задоволени со три елементи:
а) железо (кое го подржува магнетното поле во генераторите);
б) бакар (за транспорт на електричната енергија); и
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta