Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Fotoelektrični efekt (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


Универзитет св.Кирил и Методиј-Скопје Природно Математички факултет
Семинарска работа
Предмет:Атомска и нуклеарна физика Тема:Фотоелектричен ефект
Изработил Саздова Ирена
ментор проф.д-р Драган Јакимовски
Скопје,Јуни,2008
Се до средината на 17-ти век се верувало дека светлоста се состои од множество на честички. Овие честички се емитирани од светлосните извори како што се Сонцето или пламенот на светлата и се движат од нив по прави линии. Тие можат да поминат низ провидни материи, а се одбиваат од површините на непроѕирните материи. Кога честичките ќе стигнат до окото предизвикуваат чувство на вид. Ако за мерила на прикладност на некоја тeорија се зема нејзината способност да ги објасни познатите експериментални податоци со минимум хипотези мора да се признае дека корпускуларната теорија е одлична. Корпускуларната теорија егзистира уште од Емпедокле и подоцна потпомогната од големиот авторитет на Њутн (таткото на класичната механика) , а по тоа и од Лапласт доби предност пред брановата теорија на светлината која датира уште од Аристотел, а чии приврзаници се големите физичари : Декарт, Хајгенс, Френел и Ојлер. Уште во 1887 година Херц забележал дека меѓу две електроди од цинк врзани за половите на Румкофов индуктор кој се осветлува со ултра виолетова светлина, прескокнува електрична искра и при нивен низок напон. Столетов оваа појава ја испитувал во 1888г., исто како и Халвакс. Испитувањата покажаа дека и некои други метали особено алкалните и земно алкалните кога ќе се озрачат со ултравиолетова светлина, емитуваат електрони. Било утврдено дека: -негативно наелектризираните метали K, Na, Li, Zn, Rb,Be, Mg, Ca, Sr, Ba брзо се разелектризираат; -а електронеутралните се наелектризирале позитивно. -јачината на струјата што се јавува (протокот на електрони) е пропорционална со интензитетот на упадната светлина. Eлектронитe што ги емитираат металите под дејство на светлосните зраци ги викаме фотоелектрони. Појавата при која некои метали емитираат од својата површина електрони доколку се под дејство на светлосни зраци ја викаме фотоелектричен ефект. Се набљудува и кај гасовите (фотојонизација). Струјата што протекува е фотоструја.
Со својот експеримент, Столетов утврдил дека со осветлување на амалгамисана цинкова (Zn) плоча прицврстена на изолирана рачка, со ултравиолетови зраци што ги дава Волтин лак веднаш се празни (разелектризира) електроскопот Е, кој претходно бил негативно наелектризиран.
Објаснување: Оваа појава настанала како резултат на влијанието на зраците со кратка бранова долзина (UV) врз цинковата плоча при што емитирала електрони во воздухот па поради тоа се наелектризирала позитивно. Бидејќи цинковата плочка проводно е сврзана со електроскопот Е на кој се наоѓа негативен електрицитет, разбирливо е зошто настапува празнење на електроскопот Постојат надворешен, внатрешен вентилен фотоефект. Во испитувањето на фотоефектот од особена важност има Ленард кој во 1902 година утврдил дека брзината на електроните кои при озрачувањето излегуваат од површината на некој метал не зависи од интензитетот на упадната светлина туку само од нејзината бранова должина (фрекфенција) и тоа така што брзината на електроните е поголема доколку брановата должина на упадната светлина е помала (односно фрекфенцијата е поголема). Модел на Ленардовиот експеримент:
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta