Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Dviženjeto na nevrzanite (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Институт за историја
Семинарска работа по предметот
Историја на најновиот век
„Движењето на неврзаните“
Изработил: Ментор:
Студент: Тодоровски Борјан проф. д-р Маргарита Пешевска
Индекс бр. 3009/03
Скопје, 2007
Содржина:
(Вовед)..................................................................................3
(Главен дел).........................................................................4
2.1 Бандуншката конференција..........................................5
2.2 Брионски состанок.........................................................6
2.3 Иницијативата на петмината.........................................7
2.4 Белградската конференција..........................................7
2.5 Каирска конференција...................................................8
2.6 Конференцијата во Лусака..........................................10
2.7 Конференцијата во Алжир...........................................11
2.8 Конференцијата во Коломбо.......................................12
2.9 Конференцијата во Хавана.........................................13
2.10 Организацијата на Обединетите нации и неврзувањето............................................................14
(Заклучок)............................................................................15
Користена литература.......................................................16
(Вовед)
По завршувањето на Втората светска војна малите држави ослободени од колонијалното ропство, од страна на големите сили биле сметани за субјекти, за неважни земји кои самите немале големо влијание во светот, па почнале да го бараат своето место во светот. Историската шанса ила во демократизацијата на меѓународните односи, ослободени од влијанието на големите сили кои се со спротивставени ставови за време на студената војна, па овие мали земји паѓале директно или индиректно под нивна контрола. Бројноста на овие земји била голема и тие почнувале да играат голема улога на меѓународната сцена. По завршувањето на Втората светска војна не биле решени сите светски проблеми. Малите и средните народи увиделе дека само со упорна борба можеле да ги остварат своите интереси. Ослободените народи во политиката на неврзувањето гледале средство за создавање на рамноправни меѓународни односи и начин за самостоен економски развиток и прогрес. Голем број на земји се спротивставиле на студената војна и притисоците со кои се барале да пристапат кон еден од блоковите со што би дошло до целосна поделба на светот. Оваа ситуација која се создала дала поволни услови за појава на движењето на неврзаните - неврзување . Движењето што се појавило било сложена појава во меѓународните односи и светската политика во XX век.
Корените и конституирањето на движењето е во поновиот период, каде минувал светот преку многу кризи предизвикани од спротивните интереси на блоковските држави во светот. Студената војна во Европа била пренесувана на другите страни од светот. Во Кореја волната презентирала, покажала дека азискиот континент се претворил за главна почва за судирите меѓу блоковите, иако во тоа време земјите Индија, Пакистан, Бурма и Индонезија добиле своја независност. Иницијативата и акциите за свикување и одржување на Белградската конференција, и заедничкото дејствување на земјите (неврзаните) од Белградската конференција па натаму, се сметаат како две етапи од изучувањето на политиката на неврзување. Со почетокот на студената војна, неврзувањето се појавило како фактор на сè појак отпор на тенденцијата на блоковската поделба во светот, кој станал главна форма за разрешување на светските спротивности. Движењето на неврзаните дејствувало во правец на попуштањето на затегнатоста во светот.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta