Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Aristotel". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


Аристотел
Вовед
Философија
...............................NAMERNO UKLONJEN DEO TEKSTA.................................
Аристотел е ученик на Платон. Заедно со него е еден од најзабележителните мислители на само во античката, туку и во европската филозофија. Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од филозофијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логистика, псохологија итн. Бил воспитувач на Александар Македонски, потоа во Атина отворил своја школа наречена Ликеј. Со тоа тој и формално раскрстил со учењето на Платон, велејќи: „Пријател ми е Платон, но поголем пријател ми е вистината.“ За разлика од Платон, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот? итн. Аристотел ја определува филозофијата како наука за постојното како постојно (онтологија). Таа треба да го опише постојното независно од ваквите или онакви негови пројави, а потоа да го објасни. За Аристотел се' што постои претставува единство на материја и форма. Меѓутоа Аристотел апстрахира материја без форма или, како што тој ја вика прва материја. Таа е општ материјал од кој се гради сî. Кога првата материја на некој начин ќе се оформи тогаш се добива втора материја. Секоја втора материја (секое постојно), како единство на материја и форма, може да биде материја за некоја друга форма, на пример, глина за тула, тула за куќа, куќа за улица, улица за град итн. Колку е пооформена некоја ствар, таа има помалку материја, а повеќе форма. Чистата форма е без материја. Таа форма е всушност Бог, прв двигател, во исто време неподвижен двигател, зашто ако се движи не ќе биде прв, туку ќе има некој попрв од него кој ќе го движи што е противречно на прв двигател. Чистата форма е исполнета со некаква нематеријална содржина, имено со мисла која себеси се мисли. Аристотел смета дека познанието нужно почнува со сетилното восприемање, па преку претставување и искуство оди до научното познание. Меѓутоа, за да ја реши тешкотијата што се појави и кај мислителите пред Платон, имено онаа за единството на општото и поединечното, Аристотел направи скок: општото и нужно знаење, како што е научното, тој го става во врска со неподвижниот двигател (чистата форма, Бог) преку рационалната душа, која му е својствена само на човекот. А постои и растителна и анимална (животинска) душа, кои, за разлика од рационалната душа која е чисто духовна, се телесни, па зависат од состојбата на телото на растенијата и животните. За Аристотел слободниот човек наоѓа врвна потврда на себеси во политичката дејност каде се здобива со слава и признанија, а најдобра форма на политичко водство е политијата во која владеат најспособните и морално најиздигнати граѓани од средниот слој на населението
Политика (Аристотел)
Состав
...............................NAMERNO UKLONJEN DEO TEKSTA.................................
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta