Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bugarija do prvata svetska vojna (Makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


Вовед
Востанието кое избувнало во Босна и Херцеговина во 1875 година и со помал или поголем интензитет траело до 1878 година , ја отворила тн источна криза која завршила со големи политички и територијални промени на Балканот.
Овој период на криза го карактеризирале бројни востанија на покорените народи, војни и политички активности во кои главен збор имале големите европски сили Русија, Австро-Унгарија, Германија Франција Италија и се разбира Османската империја.
За разрешување на големата криза биле заинтересирани големите сили зошто постоела опасност кризата да ги наруши нивните меѓусебни односи поради прашања за кои имале спротивставени мислења и ставови. Од друга страна кризата придонела големите сили јасно да ги соопштат своите ставови за ситуацијата на балканот и како да се разреши кризата од која тие би извлекле најмногу за себе.
Така Русија сакала да го засили своето влијание на Балканот преку помагање на ослободителните борби на покорените народи што пак наишло на отпор од страна на Австро-Унгарија која исто така сакала да го засили своето влијание на Балканот.
“Високата порта со цел да го осуети мешањето на големите сили и нивниот притисок за регионални реформи, издава еден ферман со кој се предвидува извесно реформирање на целата империја“ Со заострувањето на кризата се менувале ставовите на големите сили .
На 8 јули 1876 година била постигната Рајштатската спогодба помеѓу рускиот цар Александар II и Австро-Унгарскиот Франц Јосиф. Според спогодбата, покрај другото било предвидено доколку се случи распад на Османската империја, Бугарија и Румелија да можеле да формираат независни кнежевства во своите природни граници.
Цариградската конференција 1876/1877 година преставувала последна шанса да се реши источната криза по мирен пат но големите спротивности меѓу големите силиод друга страна мерките кои биле предложени на конференцијата не биле прифатливи за Османската влада и таа ги отфрлила.
По завршувањето на конференцијата, станало јасно дека кризата ке се реши по воен пат. Така Русија почнала да се подготвува за војна.За таа цел помеѓу Русија и Австро-Унгарија била потпишана тајна конвенција со која се осигурала неутралноста на Австро-Унгарија но во исто време двете сили ги договориле своите интереси на Балканот.На 24 април 1877 година Рускиот император Александар II го потпишал манифестот со кој и се објавила војна на Османската империја.
Руските војски ја поминале реката Дунав и по 8 месеци крвави борби во кои руските војски имале големи успеси, тие стигнале до предградието на Цариград до Сан –Стефано.На 3 март 1878 година бил потпишан мировен прелиминиран договор помеѓу Русија и Осмнанската империја според кој биле донесени повеќе одлуки.
За Бугарија било предвидено да се издигне во автономно кнежевство со над 164 000 км2 и приближно 4 100.000 жители. Во границите на ваква голема Бугарија требало да се најде и Македонија. Зад целиот овој проект всушност стоеле интересите на Русија и нејзините желби за контрола на Балканот и излез на топлите мориња.
Потпишувањето на договорот предизвикал големи незадоволства кај балканските земји, кои исто така претендирале кон Македонија, западните големи сили исто така не го одобриле мировниот договор. За надминување на сериозните спротивности меѓу големите сили на 13 јуни 1878 година бил свикан Берлинскиот конгрес на кој присуствувале преставници на големите европски сили и преставници на Османската Империја.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta