Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Upotreba na geosinteticite na separacija (Makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ
- ГЕОТЕХНИЧКА НАСОКА -
семинарска работа по предметот
ГЕОСИНТЕТИЦИ
на темата
„УПОТРЕБА НА ГЕОСИНТЕТИЦИТЕ ЗА СЕПАРАЦИЈА“
ментор: изработил: ЉУПЧО Димитриевски
проф.д - р. Богдановски НЕНАД
бр.индекс 76 гт
мај, 2008 год.
- СКОПЈЕ –
СОДРЖИНА
1. ВОВЕД.......................................................................................................................... 3 1.1. Геотекстил за сепарација............................................................................................... 4 1.2. Избор на соодветен геотекстил за сепарација................................................................ 5
2. ОСНОВНА ИДЕЈА НА СЕПАРАЦИЈАТА....................................................................... 6 2.1. Механизам на сепарацијата........................................................................................... 6 2.2. Негативни последици од немањето на сепарација......................................................... 6
3. СЕПАРАЦИЈА ВО ПРАКСА – ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ОПШТИ НАСОКИ.............. 7 3.1. Отпорност против раскинување..................................................................................... 8 3.2. Отпорност против оштетување од истегнување............................................................. 9 3.3. Отпорност против пробивање........................................................................................ 10 3.4. Издржливост на удари................................................................................................... 11
4. ТЕСТИРАЊЕ НА ГЕОТЕКСТИЛИТЕ ЗА СЕПАРАЦИЈА................................................. 13 4.1. Пробни делници............................................................................................................ 13 4.2. Најчести причини за дефекти при сепарацијата со геотекстили..................................... 13
5. ЗАКЛУЧОК................................................................................................................... 15 5.1. Други употреби на сепарационен геотекстил освен кај патиштата................................. 15 5.2. Мултифункционалност на геотекстилот......................................................................... 16 5.3. Заштеди со геотекстилот кај патиштата......................................................................... 16 5.4. Иднината на употребата на геотекстилите за сепарација............................................... 17
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................... 18
1. ВОВЕД
„...ако ставите 100 килограми квалитетен крупен чакал или дробен камен агрегат врз подлога од 20 килограми каллива тиња, и поминете неколку пати врз нив со обичен автомобил, ќе добиете многу брзо 120 килограми каллива тиња, врз која нема да можете да поминувате со обичен автомобил...“
- стара геотехничка мудрост -
Се разбира, горниов резултат од поставувањето на квалитетен крупен чакал врз ситнозрн и уште и водозаситен почвен материјал ќе се случи само ако му се дозволи на чакалот да се помеша со тињата. Тоа ќе се случи само под услов крупните зрна на агрегатот да се помешаат во заедничка средина со исклучително ситните зрна од кои е изградена тињата или калта. Тоа и не би било толку страшна работа доколку планираме врз таквата подлога да поминуваме потоа исклучиво со превозни средства или градежни машини кои се движат со помош на гасеници, како на пример некои специјални трактори, тенкови или булдожери.
Но за да може таквата подлога да служи како површина по која ќе се одвива сообраќај со обични, секојдневни возила, како патнички автомобили или автобуси и особено камиони, таа мора да биде многу, многу појака и поносива.
Чакалот, сам по себе, може да се смета за некој вид привремена возна површина за таквите возила, но патиштата не се градат да бидат привремени, и речиси никогаш чакалот нема да биде вграден во патна конструкција сам по себе. Ако тој лежи врз земјена основа со многу слаби деформабилни карактеристики, за да може да се изгради квалитетен пат, кој ќе трае долго и ќе се користи за интензивен сообраќај, неопходно е да не дозволиме чакалот да ги загуби своите позитивни својства.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta