Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Analiza na postapka sprema maloletnik (Makedonski)". Rad ima 33 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Содржина
Вовед
Анализа на случај од судската пракса
Заклучок
Користена литература
Вовед
Малолетничкото казнено право, како посебен дел од казненото законодавство постои во поголем број на држави. Тоа е консеквенца од многубројните меѓународни документи кои укажуваат на потребата од издвојување на постапувањето кон малолетникот во посебен систем од материјални, процесни и извршни казнено – правни норми. Малолетничкиот систем е формална компонента од поширокиот концепт кој освен активната улога на заедницата и нејзината инволвираност во превенирање на малолетничката деликвенција, опфаќа повеќе органи и тела. Новите приоди во постапувањето подразбираат прилагодување на реакцијата кон причините што довеле до стореното.
Малолетничката деликвенција во денешно време се издвојува како составен дел со примарно значење во општиот криминалитет кој е особено специфичен по лицата кои се јавувааат како негови носители-малолетниците. За нив веке одамна е надминато сфаќањето дека тие се криминалци во мало, од причина што нивното деликвентно однесување, како и дејствувањето на државните органи по повод истото, не можат да се подредат на класичните криминолошки и казненоправни концепти кои се применуваат кога станува збор за криминалот на возрасните.
Денес, малолетничкиот криминалитет се карактеризира со висок степен на интензитет, со тешки последици по основните човекови вредности и добра и со постојан пораст и зголемување на своето учество во вкупниот криминалитет. Дејствувањето на надлежните институции против овој вид криминалитет бара навистина сериозни напори и усилби, затоа што сепак станува збор за специфична популација кон која што не може да се постапува на ист начин како спрема возрасните сторители на кривични дела. Токму од таа причина, од исклучително значење за состојбите со малолетничкиот криминалитет е државноправната реакција во вид на судски постапки и изречени мерки и казни спрема малолетните сторители на кривични дела.
Поради специфичноста на материјата постапката спрема малолетниците посебно е издвоена и уредена во нашето законодавство. Согласно членот 79 од Законот за малолетничка правда во постапката спрема малолетник за дејствие што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, доколку со овој закон поинаку не е определено, сообразно се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за прекршоците за: основните начела, јазикот, месната надлежност, последици од ненадлежност и судир на надлежности, изземање, обвинет, бранител, поднесоци, записници, рокови, враќање во поранешна состојба, трошоци, имотно правно барање, донесување и соопштување на одлуките, доставување на писмена, повикување, приведување, задржување на лица, гаранција и одземање патна исправа на странец, сослушување на сведоци, увид, вештачење, претерсување на простории и лица, редовни и вонредни правни лекови.
Во истиот член од законот понатаму се дообјаснува дека одредбите од законот се применуваат и во постапката спрема лица кои извршиле кривично дело како малолетници, а во време на поведувањето на постпката, односно на судењето не наполниле 21 година, како и во постапката спрема помладо полнолетно лице кое не наполнило 21 година, ако до почетокот на главниот претрес се утврди дека на тоа лице можат да му се изречат санкции за малолетници. Од не помало значење се и преостанатите одредби од Законот за малолетничка правда и посебниот дел од Законот за кривична постапка посветен на малолетниците кои ќе бидат соодветно проследени и елаборирани преку детална анализа на еден конктерен случај од нашата судска практика каде што малолетник се јавува како сторител на кривично дело.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta