Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Efektivni i profesionalni usni prezentacii (makedonski)". Rad ima 24 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


 Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола Економски факултет – Прилеп
Семинарска работа по предметот : Деловно комуницирање –напредно ниво
ТЕМА:
Ефективни и професионални усни презентации
Ментор: Изработил:
Проф. Каролина Илиеска Христина Ристеска 31/12
Прилеп, 2013 година
Содржина :
Вовед...................................................................................................................................3
Презентирањето како комуникациска вештина.........................................................4
Елементи на презентацијата.........................................................................................5
Организирање содржини за привлекување внимание...............................................6
Привлекување внимание со воведот .........................................................................7
Организирање на телото..............................................................................................9
Резимирање на заклучокот........................................................................................10
4. Како најдобрите говорници градат врска со публиката...........................................11
4.1 Ефективно сликовито прикажување.......................................................................11
4.2 Вербални знаци.........................................................................................................12
4.3 Невербални пораки...................................................................................................13
5. Планирање визуелни помошни средства..................................................................14
5.1 Видови визуелни средства........................................................................................15
6. Дотерување на начинот на изразување и текот на презентацијата.........................17
6.1 Метод на изразување.................................................................................................18
6.2 Пред вашата презентација.........................................................................................19
6.3 Во текот на вашата презентација..............................................................................20
6.4 После вашата презентација.......................................................................................20
7. Приспособување кон меѓународна публика и публика со мешан културен состав.....21
8. Победете ја тремата со помош на неколку техники................................................21
Заклучок............................................................................................................................23
Користена литература......................................................................................................24
Вовед
Денешните организации се многу заинтересирани за вработување луѓе кои поседуваат вештини за добро презентирање. Зошто ? Деловниот систем се менува. Техничките вештини не се доволни за гарантирање на успехот. Вие исто така треба да бидете способни со помош на презентирање ефективно да ги пренесите вашите идеи на потрошувачите, трговците, членовите на вашиот тим и управата. Вашите презентации веројатно ќе имаат цел да ги информираат, влијаат или мотивираат.Една студија има покажано дека еден од главните показатели за успешноста на еден бизнис и нагорната мобилност е колку вие уживате во држењето јавни говори и колку сте ефективни во тоа. Говорните вештини се корисни во секоја фава од кариерата. На пример, можеби ќе треба да одржите рекламен говор за продажба пред потрошувачите или да говорите на некој професионален собир. Можеби ќе се јави потреба да ги опишите плановите за проширување на вашата комшанија на вашиот банкар или да го убедите менаџментот да ја поддржи маркетиншката стратегија која сте ја предложиле. Во денешни услови, можностите да се јави потреба за одржување на вакви презентации се се поголеми, па дури и кај вработените кои немаат управувачки функции. Имено оваа семинарска задача ќе ви овозможи да ги искористите вашите говорни вештини со цел да одржите ефективни и професионални усни презентации. Кои се елементите на презентацијата, како да ја подготвите вашата презентација со цел да го привлечите вниманието на публиката, какви визуелни средства да користите, како да ја победите тремата и сл.
1. Презентирањето како комуникациска вештина
Секоја година залудно милиони потрошени часови заминуваат на присуство на презентации. Зошто залудно ? Затоа што повеќето излагачи никогаш не се запрашале која е целта на презентацијата, што сакаат да постигнат со неа или кому е таа наменета. Не е вистина дека најголемите говорници се раѓаат, а не создаваат. Но, вистина е дека некои поединци имаат несомнена способност без трема да застанат пред голем аудиториум и да одржат добар говор или презентација. Добрите говорници и презентери се такви затоа што потрошиле многу години за развивање и усовршување на потребните вештини за тоа. А кога еднаш ќе се совлада основната вештина на ораторството, таа постојано треба да се надоградува, зашто говорот и презентирањето се составен дел на деловните луѓе – тоа е нивниот личен печат или заштитен знак.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta