Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Alfa, beta i gama zračenje (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Универзитет „Гоце Делчев”- Штип
Медицински факултет – Фармација
Тема: „ Алфа, Бета и Гама зрачење “
Изработил: Ментор:
Драгана Маринкова Dr. rer . nat . Рубин Гулабоски
Штип, Април 2013
Содржина:
Вовед
Алфа зраци
Бета зраци
Гама зраци
Ефекти врз човечкото тело
Примена
      ВОВЕД
             
Радиоактивноста ја открил францускиот научник  Анри Бекерел додека работел на фосфоросцентни материјали.
              Радиоактивноста е својство на некои видови на атоми да им се јадрата спонтано менуваат и притоа да емитираат енергија во облик на зрачење. Таа промена на јадрото се нарекува радиоактивен распад.
             Изворите на зрачење ги делиме на природни и вештачки. На природно зрачење сме изложени од сонцето и космосот (15.000 честици од природно зрачење го погодуваат човекот секоја секунда), радиоактивните супстанци присутни во земјата (околу 60 радионуклиди ), во куќите во кои живееме, во храната и пијалоците итн. Количината на тоа неизбежно зрачење е различна на различни места на Земјината топка.
             Вештачките извори на зрачење се оние што ги предизвикува човекот, како што се рентгенското и медицинското зрачење за дијагностички и терапевтски цели, за нормална работа на електраните итн.
            Јонизирачкото зрачење е електромагнетно и честично зрачење кое може да ја јонизира материјата и кои може да предизвика оштетување на клетките на живите организми. Така настанатите јони ги нарушуваат биохемиските процеси во клетката што може да доведе до разни пореметувања во нивното функционирање и делење како и до настанување на разни болести како што е ракот. Физичарите откриле повеќе типови на јонизирачко зрачење ( четири вида на зрачење кои произлегуваат од честици- алфа, бета зрачење, протони и неутрони и електромагнетни зрачења како и гама зраци и х зраци.
       
АЛФА ЗРАЦИ
           Некои тешки елементи,пример радиумот, се распаѓаат со емисија на алфа зрачење.Алфа зрачењето преставува емисија на алфа честици која најчесто е проследена со дезинтеграција на јадрото на атомот на  радиоелементите чиј е масен број поголем од 140.
          Кај алфа-радиоактивноста, од  јадрото на радиоактивниот атом  се емититра јадро на хелиум (2 протони, 2 неутрони), додавајќи ги на друг елемент плус хелиум -4. Ова продолжува сè додека не се добие стабилен елемент.
          Алфа честиците се позитивно наелектризирани честички со наелектризирање  +2.Тие се слични на каналските зраци,скренувааат  во електрично и магнетно поле по исти закони,значи, од корпускуларна природа се.
          Брзината со која излегуваат  алфа честиците одговара на 1/6 од брзината на светлината а енергијата која ја поседуваат  е од 4-9 МеV-а.  Со излетување од супстанцата алфа честиците предизвикувааат јака јонизација на гасот  при што формираат голем број на јонски парови со голема потрошувачка на енергија при што се  успоруваат. Пренесуваат енергија на мала далечина (10 см во воздухот),имаат мала продорна моќ.Крајниот домет им е до 3-4 см после што алфа честицата преоѓа во неутрален атом на хелиум.Дометот им зависи од видот на радиоактивната  супстанца што ги емитува.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta