Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Biohemiska laboratorija (makedonski)". Rad ima 7 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ"
ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ
Лабораториски биоинженер
СЕМИНАРСКА РАБОТА:
ВО КОЈА ЛАБОРАТОРИЈА СЕ ГЛЕДАМ СЕБЕСИ
Студент: Ментор:
Мартина Тоневска 76/12 Проф.Д-р. Билјана Бауер Петровскa
E-mail:martina_tonevska@hotmail.com
Скопје, Април 2013 година
АПСТРАКТ
Како дел од ова опшество, сакам да допринесувам и нормално да бидам од корист за истото. Уште од мала чуствував поврзаност спрема медицината. Желбите, соништата и амбициите ме поттикна да создадам веродостојна слика за себе во иднината. Одлуката за продолжување на студиите, по завршувањето на средното училиште значи и избирање на нашата работа. Затоа при изборот на факултет и струката на која сакаме да се запишеме треба да биде добро одбрана, и самите ние треба да бидеме добро запознаени со таа струка. Со текот на годините сфатив дека лабораторијата е токму она место каде што јас припаѓам, местото каде моите желби би станале реалност.
Па поради тоа направив едно мало истражување што значи медицинската биохемиска лабораторија и која е работата на лабораторискиот биоинжењер во неа. Бидејќи по зaвршувањето на студиите јас сакам да работам во ваков тип на биохемиска лабораторија.
Работните места кои ги нуди нашата држава и секако иницијатива за работа од овој тип, се одлично место за заработка и понатамошно усовршување во работата.
Клучни зборови: лабораториски биоинжењер, медицинска биохемиска лабораторија.
ВОВЕД
Медицинска биохемиска лабораторија овозможува брзо и навремено поставување на дијагноза, одредување на третман, како и прогноза на некои заболувања.
Поставувањето на правилна и точна дијагноза при секој лекарски преглед зависи од точноста и исправноста на лабораториските наоди.
За добивање на точни резултати во биохемиската лабораторија доста важно е матерјалот кој што се користи за испитување да има правилно чување, правилна обработка и ракување со прецизни апарати, а сите принципи зависат од работата на лабораторискиот биоинжењер во биохемиската лабораторија.
Најчести испитување кои што се прават во биохемиска лабораторија се: гликемија, вкупен холестерол, триглицериди, ХДЛ, ЛДЛ, уреа, креатинин, АСАТ, АЛАТ, серумско железо, тотален билирубин, директен и индиректен билирубин, алфа амилаза, липаза.
Валидноста на добиените резултати од лабораториските испитувања
зависи не само од технички добро изработената анализа, туку и од
правилниот начин на земање на материјалот за анализа.
Земање на материјал за биохемиските анализи
Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест.
Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta