Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ad Hoc tribunali (makedonski)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Правен Факултет
Предмет: Меѓународно казнено право
Семинарска работа:
AD-HOC ТРИБУНАЛИ
Ментор: Изработил:
Содржина:
1.Вовед.........................................................................................................................3
2.Нирнбершки трибунал............................................................................................5
2.1Статутот на Нирнбершкиот трибунал и тек на судењето.................................6
3.Хашкиот трибунал.................................................................................................10
3.1.Статутот на Хашкиот трибунал.........................................................................12
3.2Актуелни случаи во РМ.......................................................................................14
4.Заклучок...................................................................................................................17
5.Користена литература........ ...................................................................................18
1.Вовед
Четири ad hoc трибунали биле основани во текот на 19-тиот век. Имено, Меѓународниот воен трибунал во Нинберг и Токискиот трибунал, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и тој за Руанда.
Меѓународните кривични трибунали се создавале од идејата за јакнење на супранационалниот карактер на нормите на Меѓународно кривично право.Таа идеја се пробива заедно со уверувањето дека треба да постојат меѓународни забрани и дека тие забрани треба да се почитуваат и во услови кога една држава, која е гарант за правдата и законитоста, самата ги повредува. Се разбира дека најтешка повреда на тие норми претставува војната, што по суштина значи негација на правото и неговото супституирање со силата кај која прашањето за правдата има само општо историско значење. Според ова не е случајно тоа што првобитните обиди за хуманизација на војната на европските простори, започнуваат со дефинирањето на потребата од некакво меѓународно учество, посредување или арбитража во помирувањето или во отстранувањето на последиците од војната. Идејата за меѓународна арбитража и претходи на идејата за создавање на меѓународни кривични трибунали.
Идејата за создавање на меѓународни кривични трибунали му се препишуваат на швајцарецот Мојниер, кој во 1872 година пред Меѓународниот комитет за помош на ранетите во војната предложил создавање петчлен суд (по еден од секоја завојувана страна и три од неутрални земји), чијашто надлежност би се однесувала на пресудување за делата содржани во Женевската конвенција од 1864 година.
Со Париската декларација од 1856 год, Женевската конвенција за положбата на ранетите од 1864 год и со Петрогратската декларација од 1868 год, било достигнато едно ниво за поставување први правила во водењето војна. Почетокот на новата фаза во развитокот на идејата за МКС го обележуваат двете хашки конференции од 1899 и 1907 година. Со актите на овие конференции (на првата се донесени две конвенции и три декларации, а на втората десет конвенции и една декларација) речиси е кодифицирана материјата на военото право и во нив се втемелени основните поравила за повредите на воените закони и обичаи. Составен дел на овие правила претставуваат и двете за оваа тема релевантни конвенции: Конвенцијата за мирно решавање на меѓународните спорови од 1899 год и Конвенцијата за меѓународен суд за воениот плен на море од 1907 година. Првата оид овие конвенции предвидува неколку инструменти за примена на воените правила, а тие се: добри услуги и посредување, анкетни комисии и создавање Постојан арбитражен суд во Хаг. Втората не била никогаш ратификувана и остана само неуспешен обид.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta