Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Arhetipot na majkata vo mitot na Demetra (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Архетипот на мајката во митот за Деметра
„ Да се создава книжевно, значи да
се овозможи зад зборовите да прозвучи
празборот.“
Герхард Хуптман
Читајќи ја мислата на Герхард Хауптман, само по себе, ми се наметна размислувањето за празборот. За мене како поим претставува нешто древно, старо, праисконско, космичко, кое е отелотворено во зборот. Кога би се обиделе да го поврземе со книжевноста, ќе не упати до најстарите приказни на сите времиња – митовите. Тие пак се богати со метафори и архетипи. Од друга страна пак како што вели Јунг: „Секој однос со архетипот, било да е доживеан или само изречен, е трогателен, односно тој дејствува; зашто во нас предизвикува посилен глас отколку што е нашиот сопствен. Оној кој зборува со праслики зборува со илјада гласови.“, а тоа не значи ништо друго туку издигнување на личната судбина на ниво на судбина на човештвото. Оттука се наметнува потребата низ овие страници да поговорам за митот и архетипот воопшто и архетипот на мајката во митот за Деметра.
Мит
Дефинирање на поимот мит
Терминот мит вообичаено се дефинира на два начини: првиот „како легендарна приказна која претставува дел од верувањата на луѓето или објасува некоја вештина или природен феномен и вториот како имагинарна или непотврдена личност или предмет.“ Воопшто кога ќе се спомене зборот „мит“ се сфаќа како нешто што значи невистинито и нестварно. Но, ова сфаќање претставува искривување на значењето на зборот „мит“. Митот ја открива „вистината“ без да биде „вистинит“. По својата дефиниција митот е приказна која „вклучува натприродни личности, дејства и настани.“ Оттаму „митологијата, науката за митот, во својот најголем смисол не е само религиозна условеност на минатото, туку и репертоар на социолошки концепти кои опстојуваат како активни метафори во нашето време.“
Митовите и денес се најинтересните и најчитаните книжевни форми кои комуницираат низ метафори и симболи кои се богат дел од колективното несвесно кое се манифестира во архетипски слики.
Архетип
Дефинирање на поимот архетип
Поимот архетип го среќаваме кај Карл Густав Јунг, кој смета дека архетипот се однесува на вродени универзални обрасци на однесување и мислење кои ја претставуваат основната структура на колективното несвесно. За поблиску да го определам овој поим ќе тргнам од Јунговата теорија за концептот на психата. Имено според него психата е поделена на две сфери: сфера на свесното и сфера на несвесното. Двете сфери се спротивни според своите особини, но се надополнуваат сочинувајќи ја психата. Сферата на несвесното е како мал остров во морето на несвесното и има централно значење во нашата психа, зашто сите наши искуства мораат да поминат низ нашето „Јас“ за да бидат забележани. Со терминот лично несвесно, кој е површински слој веднаш под прагот на свесното, ги означува психичките процеси и содржини кои, самите по себе, се во состојба да бидат свесни и повеќепати биле, но поради својата инкомпатибилност се потиснуваат, со што на вештачки начин се задржуваат под прагот на свеста. Во понатамошното проучување на несвесното се дошло до сознание дека покрај личното несвесно постои и колективно несвесно. Тоа не поседува способност на свесност и не може да биде вратено во сеќавањата, зашто не е потиснато и не е заборавено. Клоективното несвесно содржи типични форми на забележување и однесување кои се карактеристични за целото човештво, а се наречени архетипи. Тие претставуваат огромно духовно наследство за човековиот развој. Тие претставуваат отпечаток на човековото искуство стекнато во текот на илјадници години во типични ситуации кои се повторуваат. Според тоа се појавуваат во свеста на поединецот (човекот) кога ќе се повтори една таква праситуација во неговиот личен живот.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta