Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bogomilstvo - Prvata renesansa (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Семинарска тема по предметот Историја:
Богомилството – првата Ренесанса
изработи: ментор:
Крајот на IX и почетокот на X век е означен со крупни промени во општествената структура на Македонските Словенски племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на Бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како изаради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква штовеќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најјаките феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок. Околностите во кои се нашле Македонските Словени, посебно се влошиле во средината на X век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Тргнувајќи од местоположбата на Македонија, јасно е дека на нејзино тло се одигрувале општествени превирања и потреси, промени на етникуми, мешање на култури, што резултирало со усвитена духовна атмосфера во која се раѓале идеи, философии и религиски толкувања на животот и на смислата на човековото постоење.
Прифатен е ставот дека еден од центрите на зачеток на ерес (ерес-учење што отстапува од официјалните догми и вистини на црквата) е токму територијата на денешна Македонија.
Во едни такви критични историски услови се појавува идејата за хуманизам и културна преродба и силно народно движење, за верско и политичко ослободување – Богомилството.
Кон крајот на деветиот век, шестотини години пред Да Винчи да ја наслика својата „Тајна вечера“, на ридестиот Балкан се појавува Богомилството, духовно и социјално движење на кое по своето влијание и значење во модерната европска историја му нема рамно. Многу од придобивките на слободните демократски и секуларни општества, кои денес ги сметаме за неприкосновени права и привилегии на секој човек, се резултат на повеќевековната борба што ја започнале токму богомилите.
Богомилството се појавило во Македонија, на рабовите на тогашна Византија, во време на политички и религиозни превирања. На овие подрачја често се менувале државни и религиозни власти, па затоа тие претставувале идеална почва за раѓање и развивање на независни, слободоумни идеи. Од тука, со текот на годините, богомилството се раширило низ целиот Балкан (во средновековна Босна тоа било и државна религија), а оттаму во Северна Италија и во Јужна Франција.
За творец на богомилството се смета поп Богомил од Македонија, но многумина сметаат дека попот Богомил не е историска личност, туку дека е лик од легендите.
Ангеловска - Панова е сигурна во постоењето на попот Богомил од Македонија којшто бил свештеник во официјалната црква. Припаѓал на нижото духовенство (народот би рекол "селски поп"), но сепак бил многу образован и се залагал за реформи и искоренување на феудализмот и експлоатацијата на народот.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------