Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Obrazovanie i obrazovanieto vo R.M. (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Вовед:
Образованието и воспитувањето се два процеси на социјализација на човекот меѓусебно тесно поврзани. Преку образованието и воспитанието се пренесува општествената свест од генерација на генерација.
Уште Диркем образованието го определува како активност на старата генерација насочена кон младата генерација што сеуште е неподготвена за опшествен живот. Во понеразвиените опшества образованието и воспитанието се одвивало како природен процес на пренесување на најзначајните искуства врз помладата генерација.
Образованието, воспитанието на поединецот му овозможува успешно да се вклучи во опшествените и културните процеси. Под состојба на образованост се подразбираат следните елементи: основни знаења, интелектуални и мануелни способности, способност за расудување и мислење, идеали, ставови и мотивација, култивираност, смисла за опшествена одговорност и пошироко разбирање на светот.
2. Образование
Образованието подразбира предавање и учење специфични вештини, и исто така нешто помалку опипливо но позначајно: изградба на знаење, добро расудување и мудрост. Образованието како една од своите фундаментални цел го има пренесувањето на култура од една генерација на друга (види социјализација).
Образование најчесто се стекнува во детските забавишта, основните училишта, средните училишта, колеџите, факултетите, уневерзитетите и сл. Најмногу образование се стекнува од наставник или професор кој подучува во училиштата. Истотака децата кога се мали стекнуваат образование од нивните мајки, татковци, баби, дедовци и сл. Образование може да се стекне и со читање на книги, весници и секакви пишани дела. Многу образование се стекнува од телевизијата преку разни емисии и филмови.
2.1. Суштина на образованието
Образованието е специјализирана општествена активност, чија задача е да ја оспособи младата личност за живот, но и за неговата идна професија што ќе ја извршува во текот на целиот свој работен век. Или со други зборови, образованието претставува општествен процес во кој младите членови на општеството стекнуваат знаења и вештини кои се значајни за нивните активности во општеството, пред се во сферата на трудот, во општествената комуникација, во усогласувањето на сопственото однесување со другите членови на општеството и слично на тоа.
Најголем дел од социолозите ја застапуваат тезата дека образованието претставува огледало на општеството. Образованието е средство за репродукција на постојаната општествена структура и дека е способно за обликување нов тип на општество, односно дека тоа настанува како своевиден и значаен реформатор на современото општество.
Суштински, образованието придонесува за суштинска репродукција на општеството и тоа: шрво овозможува репродукција на социјалнбата структура во рамките на општествената поделба на трудот и второ, обезбедува репродукција на основните општествени вредности и идеологијата.
Процесот на масовното образование во индустриското општество, кога започнува и експанзијата на индустриското производство, а која е проследена со експанзија на образовниот систем, односно се јавува потреба на индустријата за квалификувани и способни работни кадри што училишниот систем ги задоволува.
2.2. Функции на образованието
Образованието е поврзано со најсуптилните општествени ангажмани со кои младата личност се оспособува за квалитетно вклучување и учество во општествениот живот и труд. Тоа има повеќе значајни функции:
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta