Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Asinhrono elektronsko učenje (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


УНИВЕРЗИТЕТ
ФАКУЛТЕТ
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:
НАСЛОВ:
АСИНХРОНО ЕЛЕКТРОНСКО УЧЕЊЕ
КАНДИДАТ МЕНТОР
Скопје, 2012 година
ДИПЛОМСКА РАБОТА
СО НАСЛОВ:
АСИНХРОНО ЕЛЕКТРОНСКО УЧЕЊЕ
Ментор:
ИЗЈАВА
Изјавувам дека при изработката на дипломскиот проект ги почитував позитивните законски прописи од областа на заштитата на интелектуалната соспственост и не користев реченици или делови од трудови на други автори без да ги почитувам методолошките стандарди. Изјавата ја давам под полна материјална и кривична одговорност
Изјавил:
Содржина
1. Почетоци и развој на асинхроно електронско учење
1.1. Како се одвива процесот на асинхроно е-учење
1.2. Кога и зошто може да се употребува овој тип на е-учење
2. Учесници при асинхроното е-учење
2.1. Улогата на предавачот
2.2. Улогата на ученикот или студентот
2.3. Улогата на останатите учесници
3. Споредба помеѓу синхроното и асинхроното е-учење
4. Предности и недостатоци на асинхроното е-учење
4.1. Позитивните страни на асинхроното учење во однос
на другите начини на учење
4.2. Негативните страни на асинхроното учење во однос
на другите начини на учење
5. Иднината на асинхроното е-учење
1. Почетоци и развој на асинхроно електронско учење
Учењето претставува процес при кој се стекнуваат различни знаења, почнувајќи од учење на основни работи кои ни помагаат да се справиме со секојдневните ситуации во животот, и учење на повисоко ниво кое ни овозможува да се надградуваме во повеќе научни области.
Секој од нас поминува низ таков процес во текот на целиот живот, стекнувајќи искуства и особено надградувајќи се себеси во одредена област од личен интерес. Учењето се одвива на различни начини и во различни средини (дома, на училиште, на факултет, на работа и сл.), во зависност од тоа што се учи. Сепак, најчесто кога зборуваме за учење мислиме на стекнување на знаења во училиште или на факултет, преку различни предмети или курсеви, со употреба на различни методи за добивање на знаења за истите. Тоа исто така подразбира достигнување на повеќе нивоа на образование.
Оној начин на учење кој е најчесто употребуван, подразбира физичко присуство на ученикот и предавачот, меѓусебно следење при учењето и испитувањето на знаењата во одредена образовна институција за таа намена. Сепак различните потреби во секојдневието наметнале потреба да се најдат и користат и други начини на учење, а особено се јавила потреба од начин на учење без непосредно учество на наставник и ученик во исто време и на исто место. Затоа идејата за асинхроно учење од далечина почнала да се развива уште многу години наназад и се до ден денес е во постојан развој.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta