Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Folna kiselina (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Вовед:
Фолната киселина спаѓа во групата на витамините Б и е позната како витамин Б9. Таа е значајна за многу важни процеси во организмот како создавање на црвени крвни зрнца или создавање на ДНК и РНК. Консумирањето на фолна киселина му дава енергија на организмот и на таков начин тој ја пребродува умората. Фолната киселина помага и за подобро апсорбирање на витаминот Б12, при стрес и депресија и во борбата со многу болести на срцето, рак и Алцхајмеровата болест.
Токму темата на мојот семинарски проект е фолната киселина, функциите и нејзиното значење за човекот воопшто.
2. Фолна киселина
Фолната киселина (позната и како витамин B9 или фолацин) и фолатот (природната форма), како и птероил-L-глутаминската киселина и птероил-L-глутаматот се форми на водорастворливиот витамин B9. Овој витамин е есенцијална хранлива состојка и е важен за многу процеси, како биосинтеза на нуклеотиди и реметилација на хомоцистеин. Тој е особено важен во периодите на брза делба на клетките и раст. На возрасните и децата им е потребен овој витамин за создавање на здрави еритроцити и за спречување на анемија. Името доаѓа од латинскиот збор folium што значи лист.
Структурна формула на фолната киселина
Фолната киселина помага и за подобро апсорбирање на витаминот Б12, при стрес и депресија и во борбата со многу болести на срцето, рак и Алцхајмеровата болест. Недостигот на фолна киселина доведува до фолатна дефициенција.
2.1. Дејство врз организмот
Фолната киселина помага при делбата на клетките. Неопходна е за образување на плацентата и за изградбата на коскената срж на ембрионот.
Најдобар извор на овој витамин се непреработените зеленчуци - салатите, спанаќот, гравот, магдоносот, брокулите, како и лебот. Фолната киселина ја има во црниот дроб, меките сирења, агрумите, овесните зрна и пченичниот зародиш.
Бремените и жените кои што планираат да забременат треба да се добро информирани за големата улога на фолната киселина за развојот на фетусот. Фолната киселина е потребна за формирање на плацентата и правилното развивање на плодот. Таа е одговорна за создавањето на мозокот и грбниот столб на бебето, уште во првите месеци од бременоста.
Фолната киселина уште и ја намалува веројатноста за појава на дефекти на мозокот или грбниот столб на новороденчето за 70-80%. Затоа, бремените жени треба да внесуваат поголемо количество фолна киселина.
Фолната киселина го намалува ризикот од деформитети на плодот, кој е поврзан со централниот нервен систем, познат како - дефекти на невралната туба, или DNC.
DNC се случува во многу рана возраст во развојот на бебето, меѓу четвртата и петтата недела по зачнувањето. Во овој период на бременост, се формира невралната туба. Ако невралната туба нема да се затвори правилно познато е како DNC.
2.1.1. Дефекти на невралната туба
Што е DNC? Дефекти на невралната туба, вродени дефекти кои настануваат поради нецелосен развоj на мозокот и 'рбетниот мозок.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta