Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Difrakcija na svetlinata (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.



Универзитет ,, Гоце Делчев "-Штип
Факултет за Медицински науки
ВЗШ:Оптометрија и очна оптика
Семинарска работа по предметот:
Геометриска и физичка оптика
Тема:
ДИФРАКЦИЈА НА СВЕТЛИНАТА
Ментор: Изработиле:
Проф. Д-р Здренка Стојановска Зорица Темелкова
11 862
Александар Димковиќ
11 978
Штип 2010/11
АПСТРАКТ
Скршнувањето на светлински зраци под правецот на нивното правоиниско простирање се вика дифракција или свиткување на светлината. Зраците кои паѓаат врз процепот можат да бидат дивергентни или паралелни. Хајгенс-Френелов принцип тврди дека неопструктивна точка на брановиот фронт во даден момент служи како извор за сферни секундарни мали бранчиња, исто како и примарниот бран. При големо растојание од непровидниот екран проектираниот модел значително ќе се шири, носејќи мала или воопшто никаква сличност до вистинскиот отвор. Затоа движејќи го екранот значително ја менува само големината на моделот, а не и неговата форма. Ова е Фраунхоферова или дифракција со далечно поле. Систем од голем број блиски и паралелни процепи се вика дифракциона решетка. Дифракционите решеки обично се изработуваат од стаклени планпаралелни плочки, врз кои на еднакви меѓу себни растојанија со помош на дијамантски нож се нанесуваат голем број тенки зарези (до 2400 на 1мм).
1. ВОВЕД
Накривеното тело, кое е поставено во средината помеѓу екранот и изворот, фрла инфилтрирана сенка од светли и темни региони, што не е ни воопшто слично со тоа што се очекува од Геометриската оптика. Работата на Франческо Грималди во 1600 година била првото објавено детално истражување на оваа девијација на светлината од праволиниското ширење, понекогаш нарекувано “ дифракција ”. Овој ефект е општа карактеристика на брановидниот феномен, кој се случува кога дел од бран, материјален бран или светлина е на некој начин попречен. Дифракцијата настанува ако се менува регионот на бранот во текот на опструкцијата, односно пречката, без разлика дали е видлива или недифинирана. Разните сегменти на бранот што се шират над пречката и притоа предизвикуваат посебна дистрибуција на густината на енергијата се однесуваат на моделот на дифракција. Не постои значителна физичка разлика помеѓу интерференцијата и дифракцијата. Стално вообичаено, но не секогаш соодветно, да се зборува со за интерференција ако се земе предвид суперпозицијата на само неколку бранови и дифракцијата кога се третираат голем број бранови. Дури и при таков случај ова може да се однесува на повеќекратната интерференција на зрак во еден контекст и дифракцијата од решетката на другиот.
2. ХАЈГЕНС-ФРЕНЕЛОВ ПРИНЦИП
Секоја точка на бранот може да се набљудува како извор на секундарни сферни бранчиња. Преку просторот на бранот или кој било друг однос од него може да се претпостави во одередено време формата на бранот е обвиткана од секундарниот бран. Меѓутоа техниката го игнорира поголемиот дел, од секој секундарен бран, задржувајќи го само односот заеднички со анвелопата. Како резултат на ова можеме да забележиме дека принципот на Хајгенс сам по себе неможе да смета за детали на процесот на дифракција.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta