Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ispituvanje na smolknuvanje (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
МАШИНСКИ МАТРЕАЛИ
ТЕМА: Испитување на смолкнување
Прегледал: Изработил:
Владан Андоновиќ Мартин Стојчев
Бр.Индекс:19237
Виница, 2011
Содржина
Вовед . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
Чисто смолкнување . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
Напрегања во напречен пресек . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
Коњугираност взаемност на тангенцијалните напрегања . . . . . 7
Заковани врски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
Врски со завртки . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .11
Заварени врски . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
Користена литература . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
Вовед
Ако силите дејствуваат нормално на надолжната оска на стапот тие ќе настојуваат да го пресечат. За таков стап велиме дека е напрегнат на смолкнување. Деформациите предизвикани од напрегање на смолкнување се изразениво вид на лизгање на материјалот кое што лизгање е пропорционално со одалеченоста на хоризонталните рамнини од основата.
Кај тела напрегнати на смолкнување деформацијата се гледа само во промена на обликот на телото. За разлика од аксијалните напрегања каде што имаме промени и на обликот и на волуменот на телото.
Чисто смолкнување
Еден конструктивен елемент е оптоварен на чисто смолкнување ако надворешните сили што делуваат на елементот може да се редуцираат на две еднакви сили со спротивна насока, нормални на оската на елементот на бесконечно мало растојание, кои тежат двата соседни, бескрајно блиски пресеци, да ги смолкнат, односно да ги лизнат еден во однос на друг, Сл.3.1.
Под дејство на овие сили, елементот, односно стапот е во рамнотежа. Во тежиштето на напречниот пресек делува само трансверзална сила T=F, додека сите останати компоненти на внатрешните пресечни сили се еднакви на нула (N=0, M=0). Ова значи дека, се занемарува и влијанието на моментот на спрегот M=F٠e, бидејќи неговиот интензитет е многу мал во однос на интензитетот на силите F, заради фактот што истите делуваат на бескрајно мало растојание е.
Сл. 3.1 Стап оптоварен на чисто смолкнување (а), деформација при чисто смолкнување (b)
Независно од тоа што елементот е во рамнотежа (∑F=0), истиот нема да се движи, меѓутоа ќе се деформира. Така, ќе дојде до релативно поместување на пресекот cd во однос на пресекот ab, односно, како што беше потенцирано во дефиницијата, двата блиски пресека ќе се лизнат, т.е ќе се смолкнат еден во однос на друг, Сл. 3.1b. Ваквата деформација на смолкнување се јавува заради постоењето на тангенцијалните напрегања во тие напречни пресеци. Во практиката, оваа состојба на напрегања се јавува кај елементите со кои се врши продолжување или поврзување на компонентите од челичните и дрвените конструкции.
Подолу подетално ќе биде презентирана постапката за определување на напрегањата и деформациите кои се јавуваат кај овој специјален случај на напрегната состојба, како и практичната примена на добиените резултати.
Анализа на состојба на напрегања при чисто смолкнување
Напрегања во напречен пресек
Од анализата на напрегања кај аксијално оптоварени елементи беше констатирано дека во еден кос пресек, освен нормалните напрегања σ, се јавуваат и тангенцијални напрегања , кои настојуваат да ги смолкнат двата дела од елементот, за разлика од нормалните напрегања кои тежат таквите делови да ги раздвојат или да ги приближат еден кон друг.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta