Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Osteoporoza i nejzin sovremen lekovit tretman (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


ОСМУ „Д-р. Јован Калаузи“ – Битола
Проектна задача по Фармацевтска хемија за државна матура на тема:
Остеопороза и нејзин современ лековит третман
Ментор: Изработила:
проф. по фармацевтска хемија Зорица Проевска IV-2
дипл. фармацевт Магдалена Ѓондовска фарм. лабораториски техничар
Битола, Март 2011
Содржина
1.Вовед..................................................................................................................... 1
2.Главен дел............................................................................................................. 2
2.1Симптоми........................................................................................................... 2
2.2Клиничка слика.................................................................................................. 2
2.3Типови на остеопороза...................................................................................... 3
2.4Третман на остеопороза.................................................................................... 3
Алендроат..................................................................................................... 4
Ресиндронат.................................................................................................. 6
Калцитриол................................................................................................... 7
Калцитонин................................................................................................... 8
Терипаратид.................................................................................................. 9
Хормонска терапија..................................................................................... 9
3.Заклучок.............................................................................................................. 11
Прилози
Користена литература
Вовед
Коските се бели, цврсти органи кои го образуваат скелетот. Секоја коска има определна форма и е специјализирана за вршење на определена функција. Иако коските изгледаат како нежива материја, сепак имаат динамична структура составена од живи ткива како коскени клетки, масни клетки и крвни садови, и од неживи материи: вода и минерали (види сл.1). Со исклучок на забите, коските се најцврстите органи во телото на човекот. Нивната структура овозможува тие да се отпорни на свиткување, влечење и притисок.
За време на детството и адолесценцијата, многу повеќе коскено ткиво се натрупува одошто се разградува, така што скелетот расте во големина и силина. Во првите периоди на возрасен човек, разградувањето полека започнува да го надминува натрупувањето. Со стареењето на човекот, коскеното ткиво се намалува, а коските слабеат и се силно подложни на кршење.
Главен дел
Името остеопороза всушност значи порозни (шупливи) коски (види сл.2). Ова доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал физички напор или повреда.
Остеопорозата е релативно ретка меѓу младите луѓе, а е многу честа меѓу старите. Се смета дека 25% од жените постари од 60 години имаат клинички знаци на остеопороза. Иако болеста ги зафаќа сите коски, најчесто доаѓа до фрактури на половината, рачните зглобови и колковите. Кај постарите луѓе фрактура на колкот може да биде особено опасна бидејќи долгата непокретност во текот на лечењето често доведува до настанување на крвни згрутчувања или воспаление на белите дробови.
80% од заболените се жени. Стручњаците сметаат дека жените се подложени на остеопороза заради тоа што нивните коски обично се полесни и потанки. Освен ова женскиот организам во периодот на менопаузата има недостиг на женскиот полов хормон естроген, а во постменопаузата има зголемено присуство на парат – хормонот, намалена концентрација на витаминот Д и лоша апсорпција на калциумот во тенкото црево. Кај жените губењето на коскено ткиво е најбрзо во првите години по менопаузата и продолжува во постменопаузниот период. Бројот на заболени жени од оваа болест од ден на ден расте. Лекарите сметаат дека најдобар начин за да се спречи нараснувањето на бројот на заболени е да се превземат превентивни мерки.
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta