Pregled teksta mojrad.net

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Aristotel (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.


Содржина:
1.Вовед......................................................................................2
2. Платоновите сфаќања за државата и ропството....................3
2.1 Платоновите сфаќања за државните облици..............6
3.Аристотелoвите сфаќања за државата и ропството.................8
3.1 Аристотеловите сфаќања за државните облици.........11
4.Социолошки преглед на Платоновите и Аристотеловите учења за државата,државните облици и ропството нa……………………........13
5.Заклучок.................................................................................16
1.Вовед
Запознавајќи се со филозофијата на великаните на античката мисла, Платон и Аристотел, моето внимание посебно го предизвика нивното сфаќање за уредувањето на општеството, т.е државата – поими кои и двајцата филозофи ги сметале за идентични и не правеле разлика помеѓу нив.
Запознавајќи се поконкретно со нивните учења за државата, државните облици и ропството, она кое што посебно ме заинтересира за да ја одберам оваа проблематика се разликите кои што се јавуваат во нивните учења за најдобрата можна држава (која ќе овозможи среќа и праведност за сите луѓе),имајќи го во предвид тоа што Платон бил учител на Аристотел.
Платоновото дело претставува едно од најубавите и најцелосните сведоштва во античката мисла.Со спојот меѓу точните логички и видливата имагинација збогатена со бројни поетски алегории, низ своите дијалози Платон на некој начин ја открива дарбата, силата и моќта на старогрчкиот начин на мислење и доживување на стварноста.
Аристотел, со вродената смисла за конкретност и прецизно истражување на појавите ,точно искажување на фактите и рационален и крајно аналитичен пристап, претставува врв на античката филозофија.Самиот тој како филозоф со своето учење воедно и го антиципира патот на науката, како иден најзначаен фактор во развојот на цивилизацијата.
И покрај тоа што односот помеѓу нив двајца бил однос на учител – ученик врз основа на што би требало да застапуваат слични или исти размислувања во своите филозофски учења, сепак двајцата репрезентираат различни ставови во однос на самото општество, државата, државните уредувања, економијата како значаен фактор во општествениот живот, нееднаквоста меѓу луѓето, ропството и др.
Самата разлика помеѓу нив Аристотел одлично ја прикажал, искажувајќи ја својата позната изрека каде вели:
„ Мил ми е Платон, но помила ми е вистината “
( „Amicus Plato, sed magis amica veritas“ )
2.Платоновото сфаќање за државата
-Платон-
Во своите дијалози „За Државата“, „Политичар“ и „Закони“, Платон го дава своето учење за државата.
Платоновата идеална држава се состои од: (1) земјоделци и занаетчии кои го произведуваат она што е потребно за одржување на животот на граѓаните; (2) војници-кои ја чуваат безбедноста на државата и (3) филозофи-кои управуваат со државата.
Државата според Платон настанала како резултат на потребата луѓето само во заедница да можат да ги задоволуваат своите потреби.Бидејќи човекот сам не може да ги задоволи своите потреби, се здружува со другите луѓе со чија помош успева полесно да ја обезбеди сопствената егзистенција.Во однос на тоа Платон вели:
...

---------- KOMPLETAN RAD PREUZIMATE KLIKOM NA LINK ISPOD. ----------





Fotografija dokumenta